Штипјани во средина меѓу пресметките од ССМ и примањата во реалност

Пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија и примањата на граѓаните од една во друга крајност. Според ССМ, потрошувачката кошничка на граѓаните од почетокот до крајот на претходната година пораснала за 20 илјади денари и веќе во декември лани била над 50 илјади денари. Граѓаните во Штип велат примањата им се мали, ни до половина од предвидената сума за да се помине месецот. За одржување на здравјето за едно четиричлено семејство ССМ предвидува 800 денари, штипјани велат со тие пари не може да се купат ниту две кутиички лекови.

„Многу е скапо, многу. Зависи од тоа какви лекови се користат, таква се и финансиските средтсва кои се одвојуваат. Ако ги нема на листата земеш ги приватно и тоа е многу скапо.“ – велат граѓаните.

Од ССМ дополнуваат дека околу 2000 денари се предвидени за облека за еден месец за едно четиричлено смејство. Поголем дел од штипјани велат не е доволно, купуваат облека од втора рака, а малкумина се оние на кои им остануваат средства за облека и обувки.

Во пресметката од 51,234 денари е пресметано задоволување на минималната синдикална кошничка, трошоците за живот и инфлацијата од 18.7 %.

Лаура Стојанова М-Нет