
Денес на програмата се натпреварите од 21. коло од Втората македонска фудбалска лига, а гледачите на телевизија М Нет ќе имаат можност да проследат два натпревари во ЖИВО.
На М Нет ќе може да го следите соочување на Каменица Саса и Башкими, натпревар кој се игра на Градскиот стадион во Македонска Каменица, каде телевизија М Нет ќе има и отворено студио во кое гостин ќе биде Драгана Костова, фудбалерка на ЖФК Каменица Саса, репрезентативка и прва жена тренер на машка екипа во Македонија. Отвореното студио на телевизија М Нет со Костова ќе започне во 14:50 часот.
Саса после големата победа над Тетекс од 1:3 среде Тетово се враќа во борба за опстанок во Втората лига, па веќе денес момците на Горан Гоцевски ќе ја бараат третата сезонска победа над одличниот Башкими.
Главен судија во Македонска Каменица ќе биде Сашко Ристов од Струмица.
На спортскиот канал М Нет Спорт ќе може да го следите натпреварот од Радовиш каде на Градскиот стадион ќе играат Детонит Плачковица и Тетекс во меч каде трите бодови се важни за радовишани со цел и понатаму да бидат во чекор со Пелистер за второто место, а за „штофарите“ ова ќе биде тешко гостување на стадионот во Радовиш каде никој гол не дал, ниту бод освоил.
Преносот од Радовиш ќе започне во 15 часот.
Главен судија во Радовиш ќе биде Кирил Смоквоски од Прилеп.
Александар Ванев, М-Нет