
Една недела пред Велигден, православниот народ ги одбележува празниците Лазарева сабота и Цветници, кои менуваат датум, но никогаш ден и секогаш се празнуваат во сабота и недела пред Христовата пасха. Протојерејот Добрица Јанев, вели дека деншениот празник Лазарева сабота се празнува во чест на оживувањето на четридневниот упокоен Лазар, а Цветници во слава и чест на влегувањето на скромниот цар Христа во Ерусалим, кој влезе седнат на магаре.
,,Хрисотс бил пријател со Лазар со неговиот татко фарисеот Симеон со неговите две сестри Марија и Марта. Во тоа време им рекол на своите ученици Лазар Заспа, а потоа им рекол Лазар почина. Се вратиле во Витанија каде што бил погребал Лазар и неговите сестри Марта и Марија го пречекале Христа и му рекле – учителе Господи, да беше овде ти, нашиот брат немаше да умре, но тој им рече кажете ми каде е положен. Го однеле на гробот, им заповедал Христос на луѓето да ја тргнат плочата од гробот, а пак Марија му рекла, еве четири дена како е починат и веќе мириса, но Христос просолзе, се помоли и му рече Лазаре излези. Лазар веднаш излезе од гробот, му ги соблекоа погребалните платна и тој седна во нивната куќа заедно со своите родители и со сите пријатели на ручек.“, вели Јанев
Но, празникот Цветници, пак има исто голема симболика во православието, протојерејот Јанев многу убаво објаснува, за значењето на магарето, кое го носи спасителот Христос и за предвидувањето на воскресението на спасителот.
Според православието, Евреите и фарисеите негодуваа, а луѓето кои биле сведоци на лазаревото оживување,се приближиле кон Христа. Тој ова чудо го направи за да ги увреи и ги утврди сите во општото воскресение, но и да ги подготви за неговото воскресение, кое ќе се случи за една година. Лазар потоа отишол на островот Кипар каде живеел уште 40 години и бил поставен за епископ на островот. Овој ден ни го прикажува општото воскресение на мртвите, но и воскресението Христово за кое се подготвуваме да го пречекаме со голема радост.
Иван Митев, М-Нет