Лидерот Овче Поле на дерби гостување во Пирава, Карбинци против Хоризонт Турново

В недела се играат мечевите од 16. коло на Трета лига – Исток, а дербито ќе се игра во Пирава каде Ударник ќе го предизвикува лидерот Овче Поле од Свети Николе.

Овој меч ќе биде клучен за тимот од Свети Николе, кој доколку успеа да слави во Пирава тогаш ќе направи сериозен чекор кон баражот за Втора лига, а пак за Ударник ова е последна шанса да се фати приклучок за челната позиција.

Карбинци на домашен терне ќе се соочи со некогашниот прволигаш Хоризонт од Турново, меч каде и двете екипи ги посакуваат трите бодови.

Во Делчево ќе гостува тимот на Дојранско Езеро во обид за три бодови против фаворитот Брегланица, а пак Тиверија на домашен терен ќе се соочи со Малеш од Берово.

Екипата на Победа Валандово ќе биде слободна, бидејќи во оваа коло требаше да игра со откажаниот Рудар.

Александар Ванев, М-Нет