
Во рок од една година, Штип треба да добие обновен сместувачки капацитет кај бања Кежовица, уреден извор Л’џи и спомен куќа во Ново Село – проекти на Центарот за развој на Источниот плански регион во партнерство со Општина Штип. Директорот Трајче Здравков вели дека проектите се во административна постапка за добивање договор и се очекува да бидат реализирани во предвидениот рок.
,,Од страна на нашиот партнер во овој проект Општина Штип, предвидени се активности за реконструкција на сместувачкиот капацитет кај бања Кежовица, заедно со Лџите и изградба на спомен куќа во Ново Село. Инаку, по комуникација со Општина Штип и тие исто така се во административна постапка за добивање на договор, така да сметаме дека до крајот на оваа година ќе можеме да завршиме со овие активности, кои што ќе дадат една целина на овој проект и пред се да ја добие овој проект својата намена , односно подобрување на туристичката понуда во источниот регион со минимални пакети кои што ќе бидат интересни за посетителите и од регионот и од државата.“, вели Здравков
Но, од друга страна од центарот за равој на ИПР, дополнително се планираат повеќе активности, кои ќе ја подобрат туристичката понуда во источниот регион. Низа пороекти во продолжение, наведува Здравков.
,,Во рамките на проектот претпознатлив развој на интегриран културен туризам во кој што партнери од Македонија се центарот за развој на ИПР и Општина Штип, веќе започнаа да се одвиваат низа активности. Имено истиот проект на воведна прес-конференција го најавивме претходната година во месец декември. Од страна на ИПР се планирани повеќе активности, кој ќе ја подобрат моменталната туристичка понуда во источниот регион, односно предвивдено е реконстуирање на планинарски дом на Црн врв на осоговските планини во Општина Пробиштип, таму веќе се започнати активностите. Исто така во административна постапка за добивање на договор сме за изградба на мултифункционален комплекс во Кочани , односно на местото викано Градче, додека во рамките на овој проект се предвидени и обуки на туристички работници, маркирање и дигитализација на туристички еко-патеки, изградба на една платформа дигитална, каде што граѓаните ќе можат со еден клик да научат за туристичките места во источниот регион. Така да очекуваме во текот на оваа година да бидат спроведени сите тие активности, кои што ќе дадат една целина на овој прoeкт.“, додава Здравков
Со нивното спроведување, регионот ќе добие унапредена инфраструктура и нови содржини за посетителите. Надлежните очекуваат зголемен интерес и поголема привлечност за домашни и странски туристи.
Иван Митев, М-Нет