Денес во ЖИВО на М Нет: Беласица – Детонит Плачковица, Куп на Македонија од 15 часот

Денес се отвара осминафиналето од Купот на Македонија со два натпревари, а еден од нив ќе можете да го следите во ЖИВО на М Нет телевизија преку директен пренос од Струмица каде ќе се соочат Беласица и Детонит Плачковица.

Овие две екипи се соочија и во рамки на 4. коло во Втората лига кога Беласица беше минимално подобра со 1:0 против Детонит Плачковица, а сега одново следува нивно ново соочување.

Победникот патува директно во четвртфинале, а доколку нема победник во регуларниот дел ќе се изведуваат пенали.

Натпреварот започнува во 15 часот, а Кирил Смоквоски ќе ја дели правдата. Следете го натпреварот преку директен пренос на М Нет.

Александар Ванев, М-Нет