Дел од кочански „Водовод“ остана без струја, надлежните немаат решение за огромниот долг

Кочанското претпријатие „Водовод“ силно погодено од енергетската криза. Неколку дена е исклучена струјата во управната зграда и неколку работни единици, а надлежните немаат начин како да го исплатат долгот за електрична енергија. Станува збор за долг од 50 милиони денари, од кои најголем дел е направен во изминатите три месеца. Сепак, пумпите за вода и филтер станицата работат, па водата за пиење непречено се дистрибуира до домаќинствата и фирмите.

Комуналните јавни претпријатија годинава натрупаа долгови за електрична енергија, некои од нив имаат и проблеми со собирање на пари за исплата на платите на вработените. Комуналното претпријатие „Водовод“ не може да очекува на субвенции од Општината, бидејќи вкупниот долг е една третина од буџетот на Општина Кочани. Папазов повика на разбирање од страна на економскиот оператор.

Комуналните претпријатија сметаат дека враќањето на регулираниот пазар ќе им ги намали сметките за струја и ќе можат да планираат средства за плати тековно одржување на системите, но и исплата на дел од долговите. Здружението на комунални претпријатија АДКОМ една година бара Владата да донесе одлука, со која ќе ги тргне од слободниот и ќе се вратат на регулираниот пазар. Но, иако Владата најави, сепак сѐ уште немаат информации од кога ќе почне оваа мерка.

Ребека Спасова М-Нет