
Утре на програмата е деветтата рунда од Втората македонска фудбалска лига, гледачите на телевизија М Нет ќе имаат можност во живо да го следат дуелот меѓу Слога и Беласица, кој се игра на Градскиот стадион во Виница.Гледачите на М Нет ќе имаат можност да проследат меч кој е од голема важност и за двете екипи кои се во голема резултатска криза. Минатата сезона Слога и Беласица до последното коло водеа борба за местата кои водат во ПМФЛ, во таа борба струмичани завршија на второто место, но загубија во баражот од Скопје, кој се играше на Градскиот стадион во Штип, додека пак Слога беше трета на табелата и извиси во борбата за историски успех.Лани борба за Прва лига, годинава борба за опстанок, тоа е епилогот за Слога и Беласица од осумте одиграни натпревари. Двете екипи се големо разочарување, иако сезонава е далеку потешка, отколку минатата сезона, кога Втора лига беше поделена на две групи – Исток и Запад.Дефинитивно од источните второлигаши само Детонит Плачковица нижи успешни резултати, додека сите останати водат борба за опстанок.Финансиската криза силно ја потресе Слога и тоа се рефлектираше со катастрофални резултати. Слога тргна со триумф над Борец и запиша три ремија а потоа следуваат четири последователни порази, со кои се спушти до 14-тото место на табелата. Второлигашот од Виница започна со кампањата „Купи сезонска карта и помогни на твојот клуб“ со цел да се подобри финансиската состојба на клубот, која изнесува 1.000 денари.Од друга страна, ниту Беласица не игра според очекуваното. Струмичката гордост минатата сезона играше бараж за влез во ПМФЛ, но загуби од Скопје (2:1) и остана второлигаш. Тренерот Александар Стојанов си замина од екипата по завршувањето на сезоната, а за време на летните подготовки, за нов тренер беше промовиран Шефки Арифовски, кој по лошите резултати спогодбено си замина и пред две кола за нов тренер беше назначен Благој Гуцев. Младиот тренер Гуцев на своето деби на клупата на Беласица запиша реми против Гостивар (0:0), на гостински терен, но во минатото коло доживеа висок пораз од Воска на домашен терен (1:3) и клубот ја продлабочува резултатската криза.Црвениот аларм е вклучен и кај двете екипи. Беласица е на 11-тото место со 9 бодови, па така, за струмичани се освен победа ќе биде негативен исход, бидејќи конкурентите кои бркаат опстанок доколку остварат позитивни резултати може да ја поминат Беласица на табелата, а со тоа струмичката гордост би можеле да продолжи да паѓа на табелата.Слога по четирите последователни порази веќе утре ќе има нова шанса за конечно да излезе од резултатската криза и да забележи позитивен резултат. Пораз за домашниот им воопшто не оди во прилог, бидејќи во таков случај Слога би можела да падне на претпоследното место, доколку Саса забележи позитивен резултат против Арсими на домашен терен.Од друга страна, промени се случија и во Борец со промена на стручниот штаб. Иако во претходното коло велешани загубија во Радовиш, сепак во мечот со силниот тим на Детонит Плачковица, Борец одлично парираше и загуби со минимални 1:0. Ваквиот резултат и промените даваат надеж за евентуален спас на Борец, кој утре игра против Пелистер. Овие две екипи минатата сезона директно испаднаа од Прва лига, па утре ќе играат со различни цели во борбата за трите бодови. Борец сака триумф после осум порази, прво сезонско славје и сигурна борба за опстанок, Пелистер сака три бода за да остане во трка со конкурентите на патот кон ПМФЛ.Караорман на домашен терен ќе го пречека составот на Детонит Плачковица. Стружани во претходното коло загубија во „езерското дерби“ од Охрид (1:0) на „Билјанини Извори“, па веќе утре сакаат позитивен резултат со цел да го заборават поразот од Охрид, додека пак радовишани по поразот од Охрид во заостанатиот меч од 6. коло, во претходното коло запишаа триумф над Борец (1:0), па утре целат кон шести сезонски триумф, и со тоа да продолжат да ги напаѓаат од сенка фаворитите за Прва лига.Локомотива Пехчево на домашен терен ќе го пречека составот на Охрид, кој врза три победи и се искачи на високото шесто место. Охриѓани сакаат продолжување на победничката низа против Локомотива која игра во променлива форма и се наоѓа на 12-тото место на табелата.Беса на домашен терен ќе го пречека тимот на Кожуф, кој на клупата го доби Трајче Сенев како нов тренер. Беса на последните пет натпревари има скор од три порази и две победи, со вкупно 11 освоени бодови е на седмата позиција, додека пак Кожуф има бод помалку и се наоѓа на делба на осмата позиција со Караорман и Арсими.Дербито на колото го играат Гостивар и Вардар. Двете екипи целат кон директен влез во ПМФЛ, а веќе утре во првото соочување за тековната сезона ќе ги одмерат силите. Трите бодови силно ги посакуваат и двете екипи. Гостивар е без право на грешка бидејќи има четири бода негатива во однос на Вардар, кој е на врвот.Двете екипи немаат пораз во тековната сезона. Вардар има скор од седум победи и едно реми, со вкупно 22 бодови е на врвот пред Воска, која исто така нема пораз и се наоѓа на второто место со 20 бодови, и пред Гостивар, кој исто така нема пораз и се наоѓа на третото место со 18 бодови.Дефинитивно фокусот ќе биде на овој меч, кој може да донесе многу промени на врвот од табелата. Воска Спорт на домашен терен ќе игра против Тетекс, кој од вчера доби нова управа, клубот е под капата на ФК и ЖФК Љуботен, откако претходното раководство кое го превзема клубот во текот на летото забележа катастрофални резултати и си замина.Охриѓани ќе важат за големи фаворити на овој меч, со нови три бода, и евентуален пораз Воска ќе биде нов лидер во Втората македонска фудбалска лига по комплетирање на деветтата рунда.Сите натпревари ќе започнат во 14:00 часот.