
На јавниот конкурс кој беше распишан за вработување во Територијална противпожарна единица Штип, од пријавени двајца кандидати и двајцата добиле работно место. По ова на социјалните мрежи се појавија статуси во кои се вели дека вработувањето е партиско и не транспарентно, а имињата на вработените биле познати уште пред шест месеци. Александар Ѓорѓиевски пораешен пожарникат во ТППЕ Штип вели ова е иритирачко, да се вработи лице на 56 годишна возраст а на 58 да се оди во пензија.
„Искрено ова не е иритирачко само за мене ова е иритирачко за секој еден млад човек во државата. Младите ни се селат токму од овие причини. Гори цела држава ние примаме на работа луѓе партиски во витални институции. Може да замисилите 56 годишен човек, јас тој човек не го понижувам и не велам дека не е способен, но тој не е за во ТППЕ Штип.“ – кажа Ѓорѓиевски.
Според Ѓорѓиевски одговорноста за ова не е во локална самоуправа туку во командирот на ТППЕ Штип.
Бидејќи со командирот на ТППЕ Штип не успеавме да стапиме во контакт го побаравме првиот човек на градот под Исарот, доктор Сашко Николов. Во телефонски разговор за М-Нет телевизија тој посочи дека луѓето кои добиле вработување не ги познава, а конкурсот е транспарентен.
„ Конкурсот кој беше објавен за вработување во ТППЕ Штип беше јавен и транспарентен. Јас не ги познавам луѓето кои се пријавиле, а ме загрижува фактот што имаше пријавено само двајца кандидати и тие си добија работно место. Овде нема ништо партиски бидејќи и се е транспарентно. Само можам да кажам нека им е со среќа вработувањето“ – додаде Николов.
Лаура Стојанова М-Нет