
За само 24 часа регистрирани се 219 нови случаи на КОВИД – 19 од вкупно 4.713 направени тестирања. Во Истокот регистрирани се 15. По 4 во Берово и Виница, 3 во Кочани, 2 во Штип и по 1 во Пехчево и Македонска Каменица.
Пријавени се четири починати лица: две лица од Скопје (61г и 66г) и едно лице од Тетово (76г) и Кичево (76г).
Досега во земјата се направени вкупно 999.203 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.926 бројката на оздравени пациенти е 150.470, на починати е 5.501, а бројот на активни случаи изнесува 955.
Лаура Стојанова М-Нет