
Две починати лица регистрирани во штипската болница како последици од корона висрусот, едно лице од Делчево на 71 годишна возраст и едно од Пробиштип 77 години. Во последните 24 часа новопримени се три лица, дома заминале пет. Со ова бројот на хоспитализирани е 34 на Инфективното одделение при Клиничка болница Штип. Од нив 24 имаат потреба од кисородна поддршка и се приклучени на апарати за дишење, а вакцинирани се четири пациенти. Слободни се 34 ковид кревети, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.
Во Кочани се уште нема хоспитализирано ковид пациенти на Интерото одделние, потврдуваат д болницата.
Во општините од Истокот моментално активни се 444 ковид случаи. Најмногу во Штип и Кочани каде бројките се троцифрени односно 176 во Штип и 107 во Кочани. Во останатите општини од Истокот бројката е двоцифрена освен во Македонска Каменица каде активни се 7 ковид случаи.
Според информации од Министерството за здравство заклучно со вчера во земјата се направени вкупно 1.672.767 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 236.241, бројот на оздравени пациенти е 215.853, на починати е 8.055, а бројот на активни случаи изнесува 12.333.
Лаура Стојанова М-Нет