Две големи засилувања во РК Радовиш: Се вратија Ивица Илиев и голманот Славјан Паунов

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет телевизија

Ракометниот клуб Радовиш за вториот дел од сезоната се засили со искусните Ивица Илиев и голманот Славјан Паунов, се работи за повратници кои во минатото го носеа дресот на радовишкиот суперлигаш.

Ивица Илиев е искусен ракометар еден од најдобрите стрелци во Суперлигата, а кои во минатото беше лидер во играта на Радовиш, секако и во сите останатите екипи во кои има настапувано во минатото.

Голманот Славјан Паунов носи огромно искуство, стабилност и сигурност на голот на Радовиш, а своето искуство ќе го пренесува и на младите голмани кои и досега го чуваа голот на Радовиш.

Велешанецот Илиев и кочанчанецот Паунов во Радовиш пристигнаа од редовите на велешки Бисинов, откако двајцата ракометари минатата сезона беа најзаслужни за влезот на Бисинов во Суперлигата и беа најзаслужни за шестте бодови од есенскиот дел на сезоната.

Велешкиот суперлигаш остана без двајцата искусни ракометари, а пак Радовиш добива двајца искусни повратници со што радовишани најавуаат голема борба и повеќе од јасно е дека ќе гледаме неизвесен плеј-аут каде ќе се разигрува за опстанок.

Според нашите информации во следните денови ќе има уште неколку искусни засилувања во Радовиш, а тоа би значело дека овој суперлигаш ќе биде значително засилен во однос на првиот дел од сезоната. Во плеј-аут сегментот сигурно ќе бидат Радовиш, Струга, Бисинов, Куманово, а речиси сигурно е дека тука ќе бидат и Прилеп и Пролет после нивните порази во претходното коло.

Радовиш во сабота на домашен терен во СРЦ „25 Мај“ ќе ја пречека екипата на Струга.

Александар Ванев, М-Нет