Дамјан Наумовски е трето засилување за Еурофарм Пелистер 2, целта е експресно враќање во Суперлигата

ФОТО: Телевизија М Нет

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 за новата сезона се засили со Дамјан Наумовски, кој е претставен како трето засилување, откако претходно битолчани се засилија со Мартин Јованвоски и Стефан Дрогришки.

Левото крило Наумовски е еден од најдобрите прволигашки стрелци, кој ќе биде важна алка во експресното враќање на Еурофарм Пелистер 2 во Суперлигата, што е првична цел на битолчани, откако загубија во баражот од Радовиш и испаднаа во Првата лига. Битолчаниецот се враќа дома, откако претходно во својата кариера настапуваше за Еурофарм Пелистер, Металург РА и Јехона.

Новата сезона од Првата ракомента лига треба да започне кон средината од месец септември, а Еурофарм Пелистер 2 како главен фаворит ќе се бори за првото место и директно враќање во ракометната елита на Македонија.

Александар Ванев, М-Нет