
Психички и физички да бидат подготвени верниците кои ќе скокаат по светиот крст во понеделник. Од црквата бараат потврда дека верниците се здрави и пред пријавување треба да посетат лекар кој ќе направи преглед, екг, мерење на крвен притисок и слично. Лекарите согласни дека пред да се скокне во студените води за празникот на ниски дневни температури, верниците треба да бидат доста внимателни и подготвени. Се препорачува адаптација на телот со надворешната температура како и температурата на водата, но стои и советот никако да не се консумира алкохол пред да се влезе во студените води.
„Препораките затоа што има варијација на температурите, за верниците кои скокаат во ладната вода – треба да го загреат своето тело, да не се прејадуваат и да не консумираат алкохол пред да влезат во водата. Да направат адаптација на надворешната температура со температурата на водата.“ – вели Митрова.
Се препорачува да се почитуваат советите на лекарите со цел да не се појават несакани последици по здравјето на верниците кои ќе скокаат по светиот крст во понеделник.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет