
Ден пред големиот христијански празник Богојавление – Водици, на празникот наречен Водокрст се пости и секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет. Оваа година псотот е со масло, бидејќи се паѓа во ден недела. Според светата православна црква на овој ден се воспева силата и моќта на Крстот. Се врши крштевање на водата и таа со силата на Светиот Дух добива лековита моќ. Празникот е востановен во спомен на некогашните обичаи кои се изведувале на тој ден, кога биле крштевани луѓето кои го примиле христијанството.
,,За да не се нарушат каноните црквата определила еден ден пред Богојавление да се пости. Оваа година се пага во недела. Во недела и во сабота, кога ќе се падне водокрст е пост со масло. Од понеделник до петок е строг пост, бидејќи каноните налагаат сабота и недела да не се пости без зејтин, но да биде на масло.
Но, покрај водосвет, утре е предвидена голема празнична литургија во храмот Свети Никола во Штип. Како што потенцираше протојерејот Добирца Јанец, литургија е предвидена и во понеделник, пред одењето на реката Брегалница.
,,Во недела се служи литургија на Свети Јован Златоуст со голем богојавленски водосвет, а веќе во понеделник се служи литургија на Свети Василиј Велики со голем богојавленски водосвет, кој ќе се изврши на реката Брегалница.“, рече Јанев
Инаку, Водокрст се одбележува секогаш на 18 јануари, менува ден но никогаш датум. Ако празникот се празнува преку неделата, постот е строг, ако е за време викенд, односно сабота или недела, постот е со масло.
Иван Митев, М-Нет