
Овој викенд во три дена и со два натпревари под рефлектори ќе се одигра 5. коло во Првата македонска фудбалска лига. Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите.
Фатмир Бафто ќе биде главен судија на натпреварот во Тетово каде ќе се соочат Шкендија и Башкими, а пак Бењамин Ќерими ќе го суди натпреварот меѓу Вардар и Македонија ЃП меч кој се игра под рефлектори.
Во Кратово ќе се сретнат Силекс и Работнички, а за правдата ќе биде задолжен Стојанче Трпчевски, додека пак во Струмица каде ќе играат Брера и Шкупи ќе суди Доне Ристовски.
Колото се затвара во недела со последните два натпревари. Влатко Илиоски ќе ја дели правдата на натпреварот меѓу Струга Трим Лум и Тиквеш, а пак во Битола ќе се одигра натпреварот меѓу Пелистер и Арсими под рефлектори, а правдата ќе ја дели Александар Грујоски.
Натпреварите кои се играат во дневен термин ќе започнат во 15:30 часот, а пак двата натпревари во Скопје и Битола кои се играат под рефлектори ќе започнат во 19 часот.
Александар Ванев, М-Нет