
Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од 4. коло во Втората македонска фудбалска лига, а кое коло се отвара утре со шест натпревари, а се комплетира в недела со два натпревари.
Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од четвртото коло.
Спире Арсов ќе ја дели правдата на натпреварот меѓу Шкендија Арачиново и Големо Коњари, меч кој се игра на стадионот на Башкими во Куманово.
На Градскиот стадион во Кочани ќе се соочат Осогово и Скопје, каде главен судија ќе биде Пларент Салихи, а пак Марјан Стојановски ќе ја дели правдата на натпреварот во Прилеп, каде силите ќе ги одмерат Победа и Охрид.
Сашко Ристов ќе биде главен судија во Гевгелија каде ќе се сретнат Кожуф и Преспа, а пак на Градскиот стадион во Штип ќе играат Брегалница и Новаци, а за правдата ќе биде задолжен Александар Василевски, а овој натпревар ќе можете да го следите во живо на М Нет телевизија.
Колото се затвара во недела. На градскиот стадион во Тетово екипата на Тетекс ќе игра против Слога Виница, а Ндерим Тефику ќе биде главен судија.
Во вечерниот дуел од 19 часот во Струмица ќе се одигра дербито на Истокот меѓу Беласица и Детонит Плачковица, а штипјанецот Димитар Пилешков ќе биде главен судија, а овој меч исто така ќе можете да го следите во живо на М Нет телевизија.
Александар Ванев, М-Нет