
Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папзов денеска попладне со отчет за сработеното во првите 100 дена откако седна во градоначалничката фотелја. Пред неговите сограѓани, советници и останати присутни Папазов ги презентираше проектите кои се од големо значење за граѓаните во Кочани, истакнувајќи дека се работи на реализација на веќе започнати, но и на нови проекти. Во низата завршено Папазов ги наброја асфалтиањето на повеќе улици во Кочани, но и реконструкција на улици и тротоари во руралните средени. Нов асфалтен слој доби улицата „Роза Петрова“, како и улици во село Грдовци. Село Тркање доби нова водоводна линија, а на улиците „Теодосија Паунов“ и „Скопска“ се засадија нови садници дрвја. Во првите 100 дена мандат ТППЕ Кочани го промовираше новото противпожарно возило, а обезбедена е и нова машина – дробилка за целите на производство на органско ѓубриво. Започнаа и активности за чистење на отпад и повеќе диви депонии на разни локации во Кочани, а истовремено поставени се подземни контејнери за складирање на отпад. Оставерни се повеќе средби, додаде Папазов истакнувајќи дека од големо значење е доделувањето на стипендии за студенти и награди за најдобрите основци и средношколци. Според првиот човек на Општина Кочани, иднината на градот се младите и ваквите чекори се мотив плус за нив. На настанот Папазов ги презентираше поголемите и позначајни проекти, додавајќи дека идни активности има за цела 2022 година, и дека работата за доброто на Кочани ќе продолжи.
Лаура Стојанова М-Нет