Гори на Серта меѓу селата Селце и Драгоево, жителите стравуваат да не им се повтори минатото лето

Над 20 пожарникари се борат со пламените јазици на планината Серта меѓу селата Драгоево и Селце. Од вчеравечер штипските пожарникари се на терен, а во гасењето на пожарот учествуваат и од останатите надлежни институции. Доколку се вклучи црвениот аларм се очекува и поддршка од воздух.

„Уште од вчера имаме огнени јазици на планината Серта помеѓу двете села Драгоево и Селце. Се работи за голема линија. Излезени сме уште од вчера четири возила, 15 пожарникари, од Шумското имаме луѓе тука.“ – вели Ренџов.

Жителите на село Селце загрижени за своето место на живеење. Велат вчеравчер ноќта била страшна, огнот се ширел на повеќе страни, па чекале интервенција од пожарникарите. Додаваат дека им се повторува летото од претходната година,.

„Местото е многу убаво таму, ако некој го пали намерно аир да не види. Ние тука живееме, ова е наше родно место. Многу ми е жал.“ – вели Сание.

Пожар од големи размери на планината Серта имаше и лани, кога огнот се доближи до куќите во селата Селце и Драгоево. Гореше квалитетна шума, а материјалната штета е огромна. Какошто велат од ТППЕ Штип во најголем број пожари на отворено, причина за подметнување е човечки фактор, но посочија надлежните институции да ги истражат случаите.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет