
Повратникот во ракометната Суперлига, Еурофарм Пелистер 2 ги започнува подготовките за новата сезона. Веќе беше одржан првиот работен состанок, медицинските тестови, а потоа и првиот тренинг.
Екипата на Еурофарм Пелистер 2 главната фаза од подготовките ќе ја реализира во Пехчево.
Своите први импресии ги сподели и новото засилување од Франција, Баптист Одифред кој вели дека е среќен што доаѓа во клуб како Еурофарм Пелистер 2
Свое видување имаше и Славчо Шулески кој е нов играч на битолскиот тим.
Новата сезона во Суперлигата започнува на 6 септември.
Александар Ванев, М-Нет