Горан Здравков нов тренер на Детонит Плачковица

Штипскиот стратег Горан Здравков е нов шеф на стручниот штаб на второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш.

43-годишниот Здравков доаѓа како наследник на Иван Варадиновски, а своето деби на клупата ќе го има во рамки на 4. коло против Осогово во Кочани.

Како асистенти на Здравков ќе бидат Драги Коцев како прв асистент и Драган Иванов задолжен за голманите.

Здравков има богата играчка кариера дома, но и во странство, а како тренер ги водеше Каменица Саса, Детонит Плачковица и Брегалница од Штип.

За Здравков средината во Радовиш е позната, тој го спаси Детонит од испаѓање во сезона 2021/2022.

Александар Ванев, М-Нет