Неопходна е реконстуркција на кровот на штипскиот театар, новата директорка со став да се инвестира во културата

Во лоша состојба е кровот на штипскиот театар. При секој дожд истиот тече и преставува проблем за нормално функционирање на установата. В.д. Директорката на НУЦК „Ацо Шопов“ Штип, Кристина Атанасова-Арсова, истакна дека ова е најприоритетниот проблем кој треба да биде решен. Додава дека во наредниот период заложбите ќе бидат во контекст со сопствена продукција да се реализираат проекти.

„Во решавањето најголемиот приоритетен проект е протекувањето на кровот во театарот кој треба како инвестиција да го средиме и секако кадровските решенија односно вработувањета на технички персонал со кој ќе можеме покрај финансирањето на проектите од страна на министерството, да можеме и ние во сопствена продукција да изреализираме уште неколку прокети во текот на годината“ – вели Атанасова-Арсова.

Проблемите кои се мапирани во институциите во културата во Штип, беа презентирани и пред министерот со цел да се добие поддршка за нивно решавање.

„Културата е битна нишка во секое културолошко битисување и не треба да ја оставиме на забот на времето, туку напротив треба да иницираме работа, креативност, грижа, пректи и настани, а за тоа ќе добиеме поддршка.“ -додава Атанасова-Арсова.

Од вечерва започнуваат преставите во штипскиот театар.

Лаура Стојанова М-Нет