
Во петок со почеток од 15:30 минути во салата на Советот на Општина Штип ќе се одржи координативниот состанок за манифестацијата „Пстрамалијада 2024“. Затоа организациониот одбор упатува покана до сите заинтересирани угостители кои сакат да се вклучат на манифестацијата да бидат дел од координативниот состанок.
„ Ние како организационионен одбор на манифестацијата„Пастрамалијада 2024“ упатуваме покана до сите угостители кои се заинтересирани да земат учество на манифестацијата, да присуствуваат на координативниот состанок кој ќе се одржи во салата на Советот на Општина Штип на ден 06.09.2024 година(петок) во 15:30 часот. “ – велат од организациониот одбор
Годинава по 16 пат ќе се одржи манифестацијата „Пастрамалијада 2024“, на две локации на улицата „Ванчо Прќе“ во Штип односно познатата едносмерна. Манифестацијата ќе се одржи на 20 и 21 септември.
Лаура Стојанова, М-Нет