
,,Значи моментално сите патни правци се проодни без ограничувања и застои. Поради ниските температури и температурните разлики помеѓу ноќта и денот имаме на осоините места појава на голомразици, меѓутоа сите осојни места што ги држи подружница Штип се третирани со чиста сол, така да немаме замрзнување на патиштата, меѓутоа имаме лизгави коловози на овие делници. Така да нема да биде на одмет внимателно возење за да не дојде до проклизување и обавезно носење на зимски гуми.“, рече Цоневски
ЈП Македонија пат располага со доволни количини на зимни материјали како сол и ризна за цела зима, потенцираше Цоневски, посочувајќи дека и механизацијата е низ зите пунктови во истокот.
,,Доволно количини имаме на зимни материјали сол и ризла, така да имаме отворени тендери во случај на намалување на залихите, добиваме веднаш потполнување на истите, така да немаме проблеми. Механизацијата ни е по пунктовите, го чекаме сигурни снегот.“, додава Цоневски
Со оглед на ваквата ситуација, од Македонија пат особено апелираат учесниците во сообраќајот да имаат зимни гуми, а со себе исто така да имаат зимна опрема како ланци.
Иван Митев, М-Нет