Стиропор, вреќи со слама и сунѓер – традиционалната заштита на водомерите во Штип

Со стиропор, вреќи со слама и сунгери, штипјани ги заштитуваат водомерите од ниските минусни температури, кои ги носи ледената зима. Анкетираните на терен велат важо е водомерот и цефките убаво да се излоираат и покријат за да мразот не направи штета. Иако нема драстичен пад на температурата, сепак граѓаните едногласни водомерот навреме се заштити и сите мирно да спијат.

Доколку водомерот навреме не се заштити, граѓаните се категорични дека ќе има проблем.

Инаку и главните водоводни линии во град Штип се на соодветна длабочина и затоа не се очекуваат проблеми од замрзнување. Тоа значи дека нема да има проблеми со водоснабдувањето.

Иван Митев, М-Нет