Гледаат ли штипјани се уште турски серии ?

Слаб интересот кај граѓаните за турските серии. Некогашните серии повеќе не ги држат повозрасните пред малите екрани. Граѓаните велат дека приказните им се исти, се повторуваат истите заплети, а уште на почетокот можат да претпостават што ќе се случи понатаму. Некои признаваат дека едноставно им здодеале и веќе бараат нешто поинтересно, додека други ги пуштаат само затоа што немаат друга програма за гледање. Од големата популарност што ја имаа порано, турските серии повеќе не се исти.

Анкетираните додаваат дека доколку немале превод, би им бие повеќе интересни самите серии, за да начуат ако не друго некој збор турски, вака како што додаваат нема смисла.

Инаку турските серии имаат се помал број верни гледачи, веќе не го имаат истиот успех како порано. Публиката се повеќе бара нови, поинтересни и поразновидни содржини.

Иван Митев, М-Нет