
Германска фирма сака да инвестира во Штип или Скопје да гради нов современ производствен погон, со што Македонија би станала сериозна опција за нивното проширување. Компанијата, која е водечка во технолошкиот и инженерскиот сектор, планира развој на високо прецизни системи, автоматизација, роботика и зелени технологии.
Во посета на државата, директрот на оваа компанија остварил средба со директорот на ТИРЗ, на која што биле презентирани условите што државата ги нуди за странските инвеститори. Особен интерес истакнал инвеститорот за инвестирање во рамки на зоните, при што акцентот бел ставен на ТИРЗ Скопје и ТИРЗ Штип како потенцијална локација.
Инаку, оваа технолошка компанија вкупно 175 години работи во делот на квалитетот и сигурноста во машинското инженерство низ светот. Компанијата моментално се фокусира и на проширување во нови деловни области како што се високо прецизно инженерство на постројки со интегрирана контрола, технологија за автоматизација и роботика, како и растечките зелени технологии.
Доколку инвестицијата се реализира, Скопје или Штип би добиле напреден индустриски капацитет и нови високо квалификувани работни места, што би дало значителен придонес во технолошкиот развој на земјата.
Иван Митев, М-Нет