
По вчерашното големо невреме со силен ветер над 100 километри на час и пороен дожд што го зафати Штип околу 16 часот на повеќе места има големи штети, но најпогоден беше центарот на градот каде летнаа кровни конструкција. Од паднатите дрвја се оштетени автомобили, а ветерот ја оштетил и заштитната лимена фасада на стоковната куќа т.н. На-Ма.
Невремето беше силно, дуваше многу ветер со над стотина километри на час и тоа беше причината што дрвото паднало. Друга штета од невремето е и оштетувањето на лимената фасада, на стоковната куќа, позната и како На-Ма. Најважно е што дрвото кога паѓало немало луѓе таму и за среќа нема повредени. Екипи од ТППЕ и ЈП Исар, веднаш излегоа на терен за да се отстрани дрвото и за да може непречено да се одвива сообраќајот. Засега информациите се тие. -Известуваат од ТППЕ
За среќа, нема повредени. Од комуналните претпријатија веднаш излегоа на терен и го расчистија патот.
Ева Тушевска, М-Нет