
Второодделенците од Основното училиште „Тошо Арсов“ во Штип денеска беа во посета на М-Нет телевизија. По повод 21 ноември, Светскиот ден на телевизијата, тие се запознаа со начинот на работа на телевизиите, подготовката на вести, фудбалски натпревари и слично. Задоволни од она што можеа да го видат на лице место посочуваат дека научиле нови нешта, а дел од нив кога ќе пораснат сакаат да запловат во медиумските води.
21 ноември беше прогласен за ден на телевизијата на Генералното собрание на Обединетите нации, со резулуција усвоена во 1996 година.
Лаура Стојанова М-Нет