
По повод светскиот ден на лицата со попреченост 3-ти декември, Општина Штип заедно со СОУ“Димитар Мирасчиев“ и центрите за лицата со пореченост реализираа работилница на која учествувааа учениците од истите. Советникот за родова еднаквост при Општина Штип Вања Џамбазова Николовска изјави дека целта на ваквиот нас е подигањето на свеста на граганите за ваквите лица. Истакна дека ова е првата работилница во склоп на овие настани, кој се во соработка со општината.
“Во пресрет на 3 ти декември мегународниот ден на лицата со попреченост, Општина Штип резлизира низа активности со цел подигање свеста на граганите за лицата со попреченост односно нивна интеграција во општеството за таа цел овој ден започнуваме со првата работилница, така да ќе се реализираат и други работилници. На оваа работилница ќе учествуваат децата од центрите за лица со попреченост, учениците од Искра и заедно со средното општинско училиште Димитар Мирасчиев. На работилницата ке изготват брош.“, истакна Џамбазова, Николовска
СОУ Димитар Мирасчиев едуцира кадар со определена попреченост кои се вклучени во инклузивното образование, а со истите се работи со помош на асистените, вели директорката Марина Варадиновска
“Денес СОУ Димитар Мирасчиев е домакин по повод мегународниот ден на лицата со попреченост и бидејки ние едуцираме кадар кои што имаат попречености и се тотално вклучени во инклузивнито образование. Работиме со помошни аситенти за самите ученици. Да ја подигнеме свеста да им дадеме поддршка на нашите ученици.“, додава Џамбазова Николовска
Дека одбележувањето на овој ден преку ваквите работилници е од големо значење согласна е и психологот Данче Сенева од државното средно училиште искра
„И нашите ученици се вклучени во оваа работилница се со цел да се подигне свеста за лицата со попреченост и сите заеднички да го одбележеме.“, изјави Сенева
Инаку, Започнувајќи од 1992 година, на 3 декември се одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост со цел подигнување на свеста за правата на овие лица.
Лаура Стојанова, М-Нет