Натпреварите од Втората лига од новата сезона 2025/2026 ќе можете да ги следите ексклузивно на М Нет телевизија и на спортскиот канал М Нет Спорт.
Успешната соработка на М Нет телевизија и на ФФМ предводена од претседателот Масар Омерагиќ продолжува и за следната сезона.

Гледачите на М Нет телевизија ќе имаат можност одново да следат во живо натпреварите од Втората лига, со комплетна графика и статистики и коментатори со цел да ја доловиме второлигашката атмосферата од стадионите ширум Македонија.
Новата сезона ја започнуваме со пренос од Штип, каде на Градскиот стадион ќе се соочат Брегалница и Кожуф.
И во новата сезона продолжуваме со новитети, отворени студија, гостувања, бидете со М Нет телевизија за да следите Втората лига пред вашите ТВ екрани.
Александар Ванев, М-Нет