Жители на штипската нас. Баби бараат помош за доизградба на црквата Св. Кирил и Методиј

Помош за да се изгради црквата Св. Крил и Методиј во нас. Баби во Штип, бараат жителите на населбата, со цел и тие имаа храм во своето место. Придаваат од свој џеб, бараат од фирми, помош пристигнува од општината, но сепак инвестицијата голема. Благодарејќи на Бога, тие пред нашата телевизија велат дека до сега барем 90 процетни е уредена надворешноста на црквата, но како што додаваат повеќе ќе чини внатрешниот дел, имајќи во предвид дека фреските се доста скапи, а работата доста тешка. Велат со Божја помош, во иднина сакаат да го видат заврешен целиот храм, во кој тие се надеваат да имаат венчавки, крштевки и литургии.

Идејата е и населбата Баби ги собира своите верници на едно место, додаваат жителите. Едногласни дека сите заеднички кога ќе ппридонесат, храмот ќе биде целосно завршен.

Инаку, оваа црква се гради активно од 2017 година, од кога е новиот црковен одбор. Во застој црквата била речиси 15 години, а сега како што велат жителите, се очекува за помалку време, црквата да го добие својот лик, а населбата баби својот црковен храм.

Иван Митев, М-Нет