
Второлигашите по репрезентативната пауза продолжуваат со подготовките бидејќи веќе во петок следуваат натпреварите од 13. коло.
Пред второлигашите следуваат три натпревари во осум дена за комплетирање на есенската полусезона во Втората лига.
13-тото коло го носи дербито меѓу непоразениот лидер Шкендија Арачиново и штипска Брегалница, Беласица ќе го пречека Новаци, Детонти Плачковица како фаворит дома ќе игра со Преспа од Ресен.
Скопје исто така во улога на фаворит ќе се соочи со Тетекс, последнопласираниот Големо Коњари дома ќе игра со фаворитот Охрид, а пак Осогово и Вардар Неготино ќе играат во Кочани.
Победа ќе бара три бодови против Кожуф, а пак Слога Виница и Каменица Саса играат дерби – можеби според формата и не е дерби, но престижот е голем.
Сите натпревари ќе стартуваат во 13 часот.
Александар Ванев, М Нет