
Денот Илинден покрај од религиски аспект, е важен и од исотриски и затоа овој празник е денот и на Републиката. Всушност во далечната 1903 година е започнато така нареченото илинденско востание со цел ослободување и создавање на независна Македонија и оваа идеја била поттикната од познатите револуционери и комити. Професорот по историја Елена Милева, вели дека овој празник има големо значење за нас македонците.
“Во Македонија втори Август, ден Илинден од историски аспект, всушност се слави многу повеќе. Тој е денот, кога во 1903 година започна познатото илинденско востание за ослободување и создавање на независна Македонија, идеја и желба која тлеела во срцата на нашите Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев, Питу Гули, Јане Сандански и многу други.
Истиот ден Илинден во манастирот Прохор Пчински се одржало и првото заседание на АСНОМ, каде биле ставени темелите на слободна и независна држава
“Тој борбен процес траел повеќе од 41 година и на истиот ден Илинден во манастирот Св. Прохор Пчински се одржа првото заседание на АСНОМ, каде се ставија темелите на слободна, независна Р.Македонија. Во зборовите на најстариот делегат Танко Брашнаров е собрана целата вистина. Тој ќе каже денеска е вториоот Илинден, последен за неслободна Македонија, се ставаат темелите на незвисна Македонија“
Потребно е да се зголеми почитувањето и чествувањето на овој празник додава Милева, со што ќе се даде поголем придонес за истиот
“Меѓутоа пожелно би било да се зголеми почитувањето и чествувањето на овој празник. Да се зголемат манифестациите со кој што ќе се зголеми чествувањето на овој празник“
Македонија под османлиска власт паднала кон крајот на 14 век и во составот на империјата се задржала до крајот на Балканските војни, кога била поделена помеѓу балкјанските држави
Лаура Стојанова, М-Нет