Македонската фудбалска репрезентација има прогрес, фудбалерките играат одлично со новиот селектор Андов

ФОТО: Телевизија М Нет

Се подига квалитетот на женската фудбалска репрезентација на Македонија, нашите фудбалерки одиграа одлични натпревари со новиот селектор Александар Андов, кој беше назначен на само седум дена пред првиот натпревар.

Селекторот во гостувањето на „Трибина“ на М Нет направи една кратка анализа на натпреварите од групата 2 од Лигата на нации.

Андов вели дека Фудбалската федерација на Македонија му овозможила одлични услови за работа, а додаде и за неговиот стручен штаб.

Андов е задоволен од неговиот стручен штаб, кој веќе поставуваат темели на здрава репрезентација со далеку подобри резултати во минатото, иако тој е селектор краток период.

Македонија прикажа одлична игра во овој циклус, имаше две победи, едно реми и три порази.

Александар Ванев, М-Нет