
Втор меѓународен симпозиум од областа на фармацијата, денеска се спроведе во УГД – Штип. Научници, практичари и студенти од целата земја се собраа за да ја истакнат улогата на фармацевтот како клучна алка меѓу традиционалната и иновативната терапија. Симпозиумот е организиран од Одделот за фармација при Факултетот за медицински науки на Универзитетот „Гоце Делчев“. Настанот се совпаѓа со одбележувањето на Светскиот ден на фармацевтите, кој оваа година се одржува под мотото: „Помисли здравје, помисли фармацевт“. Со силна порака за важноста на фармацевтите во здравствениот систем, симпозиумот го отвори проф. д-р Катерина Смилков.
,,Денес се собравме да ја проследиме програмата на втиориот симпозиум во организација на одделот фармација на факултетот за медицински науки при УГД. Денес симпозиумот го работи на темата фармацефтот како алка помеѓу традиционалната и иновативната терапија и има за цел да ги собере фармацефтите од државата, да помогне во нивната едукација, да се разменат искуства. Идејата е да го одбележиме и светскиот ден на фармацефтите, кои се одбележуваше на 25 септември, кој оваа година е под мотото помисли здравје, помисли фармацефт. Да ја истакнеме во улогата на фармацефтот како најзначаен и најдостапен здравствен работник.“, рече Смилков
Познати професори од балканот и пошироко во изјавата за медиумите, од настанот потенцираа дека главната причина за стрес е нездравата исхрана, како и социјалните медиуми. И тие во својот говор ја истакнаа важноста на фармацефтите.
„Кој молекули се важни за нашиот организам за да се одбрани од стресот. Здравата исхрана е еден од важните вактори, а со оглед на тоа што денеска што почнавме да дискутираме би ја истакнала рационалната и здравата исхрана како еден од најважните начини за да се одржи и промовира здравјето.“, рече Динкова Костова
,,Имав чест и задоволство да учествувам на денешниот сиумпозиум, со предавање на тема за исхрана, но и за на значајот на фармацефтите, кога е во прашање рационалната безбедност. Неконтролирана употреба на исхрана е најголемата грешка која што ја прават најчесто луѓето.“, рече Видовиќ
Инаку настанот се оддржа во просториите на економскиот факултет при УГД Штип, а на истиот присуствуваа студенти, професори како од земјава така и од странство.
Иван Митев, М-Нет