
Врачени признанијата и орденот „Свети Никола“ во соборниот храм во Штип. Вчеравечер по вечерна богослужба, заслужните штипјани за годинава в рака ја добија својата заслуга. Делото на Свети Никола треба да продолжи преку сите нас со што ќе си помагаме и ќе работиме чесо, истакна градоначалникот Иван Јорданов, кој додтано посочи да не дозволуваме да има поделби по било која основа. Од срце тој им ги заблагодари и им честита на добитниците за нивната работа и придонес за да нашиот град биде претставен во вистинско светло.
“Ми претставува особена чест и задоволство да ви се обратам токму соборниот храм Св. Никола. На денешната свечена седница каде ќе бидат доделени орденот и признанијата по повод верскиот празник и патрон на градот Штип, нашиот заштитник Св. Никола. Овогодишни добитници се КТМ Енерџи солушан, Др Александар, ТППЕ, Одбојкарскиот клуб УГД Штип. a орденот Св.Никола припага на Бојан Миоски “, вели Јорданов
Дека ваквите признанија се од особена важност за оние што се стекнуваат со нив, согласни се беа добитниците, бидејќи како што велат за медиумите со ова тие се многу почестени и срдечно се заблагодарија на градочанликот Јорданов.
Инаку, на самиот настан се оддржа веднаш после вечерната божествена литургија по повод празникот на светиот Николај Чудотворец мирликиски, а на истиот присуствуваа претставниците од локалната самоуправа, претставници од брегалничката епархија, како и граѓаните на Општината.
Лаура Стојанова, М-Нет