Препознавање, спречување и справување со насилството беше настанот што ги сплоти студентите на УГД Штип

Препознавање, спречување и справување со насилството беше денешна тема на која разговараа учениците при УГД Штип. Станува збор за проект во кој се даде белег на училишта со цел тие бидат безбедни за учениците и наставниците. Порфесорите велат дека од особена важност е токму ваквиот проект, бидејќи студентите ќе имаат поголеми знаења од кога ќе дипломираат.

“Студентите да стекнат знаења за да препознаваат, да спречуваат и справуваат со сите можни видови на насилство, кои што се присутни многу одамна, од кои и последните години во државата и соседството, осободено во образованиот сектор. Во овој проект се работи со учениците, училиштата, наставницата, а особено со родителите”, велат од УГД

Професорот Оливер Цацков вели дека за жал насилството зима се поголем замав, но тие како универзитет се трудат барем да го сведат во помал број, ако воопшто неможат да го искоренат.

“Сериозна појава во општеството, особено денес е многу актуелно за жал дури и секојдневие. И од тука е особено важно уште од студентските клупи да развијат техниките преку овој проект да го детектираат скриеното лице на насилството, да можат да го протоклуваат и со работилницте кои ќе следат со целиот ланец на личности и институции да го барем ставреем на минимално ниво, ако не можеме да го спречиме.“, вели Цацков

И професорот Трајче Стојанов е согласен дека токму студентите се тие кои што можат да направат промени во образованието.

Инаку, настанот беше со основна цел да се запознаат учениците со секаков вид на насилство, да го препознаат, како и да научат да се справуваат во секојдневната практика.

Лаура Стојанова, М-Нет