Вработени со ниски примања ќе добијат ваучер за одмор од 18.000 денари, кој ќе се корист надвор од сезона

По 18 илјади денари ќе добијат семејствата со ниски приходи за да може да заминат на одмор. Ова како мерка беше соопштено денеска од страна на министерот за економија Крешник Бектеши. Повикот ќе биде отворен од понеделник 12.2.2024 година од кога граѓаните ќе може да и да аплицираат.

„Главната цел на ооваа мерка за која изминатите години имаше голем интерес е да им се овозможи годишне одмор и во исто време да им се помогне и на туристичките центри за зголемување на обемот на работа, надвор од туристичката сезона. За оваа мерка се обезбедени 64 милиони денари, околу еден милион евра односно да се издадат над 3 500 ваучери“ – вели Бектеши.

Право да аплицираат имаат сите вработени чии вкупни приходи во семејството не надминуваат 50 илјади денари. Ваучерите ќе се користат надвор од сезона во угостелски објекти за смествување

„Право на учество имаат сите физички лица кои се вработени и нивните месечни примања во семејството не го надминуваат нето приходот од 50 .000 денари што значи дека една просечна плата и една минимална плата сите тие вработени кои имаат во нивните семејтва толку приходи би можеле да аплицираат за оваа мерка.“ – додава Бектеши.

Потврдата за ваучер за одмор на семејствата со ниски приходи може да се користат од моментот на добиовање до 30.06.2024 година и од 15.09.2024 до 01.12.2024 година.

Лаура Стојанова М-Нет