
Овој петок раздвиженост на штипскиот пазар. Долниот простор, каде се сместени сите продавачи поради реконструкцијата, не можеше да ги собере сите купувачи кои утринава беа излезени да го купат најнеопходното. Продавачите сепак се поделени во однос на побарувачката. Дел велат дека има доволно купувачи за да им се продадат сите производи за овој петок, други, пак, и не изразија задоволство од побарувачката.
За цените велат дека се исти како и минатиот петок, но дека во следните недели ќе се намалуваат, зашто производството е зголемено и излегуваат и нови производи.
За купувачите и понатаму цените не соодвестуваат со нивните примања. Најскап за нив оваа недела беше спанаќот, кој се продаваше по цена од 100 денари за килограм.
Ситуацијата е ваква речиси на сите пазари од Истокот. Продавачите се свесни за високите цени, но велат дека заради скапите ѓубрива и семенскиот материјал, нема простор за пониски цени на производите.
Ребека Спасова М-Нет