
Воска Спорт е најактивен клуб во зимскиот трансфер период, откако денес беше претставен и Арион Зиба како четврто засилување за пролетната полусезона од Втората македонска фудбалска лига.
21-годишникот во Воска доаѓа на позајмица од редовите на прволигашот Струга Трим Љум. Зиба за струшкиот прволигаш одигра седум натпревари во Прва лига.
Во својата кариера Зиба покрај Струга Трим Љум има настапувано и за Велешта, Лабуништа, Фламуртари и Караорман.
Воска Спорт во пролетната полусезона ќе води борба за првите две места кои директно водат во Прва лига, откако есенскиот дел го завршија во бараж зоната, односно на третото место.
Потсетуваме, Воска Спорт досега се засили со Ермедин Адем, Хадис Велии и Фитон Адеми.