Љупчо Марковски – Калц е нов тренер на Тетекс во обид да го спаси од испаѓање!

Како што е веќе познато второлигашот Тетекс доби нова управа, а истата веднаш назначи и нов тренер на екипата, тоа е Љупчо Марковски – Калц.

Новиот тренер ќе има единствена задача, а тоа ќе биде опстанок во Втората македонска фудбалска лига. Претходно, Калц долги години го водеше Скопје од каде замина во Работнички, но по спогодбената разделба со „романтичарите“, Калц не водеше клуб, а од денес го превзема тетовскиот второлигаш. Помошници на Калц ќе му бидат Дејан Савески и Живорад Радоњиќ.

Тетекс го очекува повеќе од тешка борба во пролетната полусезона, затоа што е претпоследен на табелата во Втора лига со седум бодови, под „штофарите“ е само Борец, единствен второлигаш без освоени бодови од есенскиот дел.