Воска и Гостивар со сигурни победи, Вардар се спаси со пенал, Пелистер се збогуваше од Прва лига, откако Тетекс даде гол во 103. минута!

Воска Спорт во одличен натпревар на „Билјанини Извори“ во Охрид стигна до висок триумф од 3:1 над новајлијата Арсими од Чегране.

Меч во кој охриѓани беа големи фаворити за трите бодови, а тоа беше потврдено и на самиот терен, со што Воска Спорт е само еден чекор до официјален влез во Првата македонска фудбалска лига, што ќе биде историја за овој клуб од Охрид.

Арсими одигра одличен натпревар, но сепак, квалитетот беше на страната на Воска Спорт, која оправдано стигна до трите бодови.

Двоен стрелец на натпреварот беше голгетерот Бехар Фета, а првиот гол беше дело на Ардит Демири за водство на Воска Спорт од 3:0. Во финишот од мечот Лорик Љика постигна гол за конечни 3:1.

Пелистер се збогува со надежите за Прва лига, откако во 103. минута прими гол за пораз од 2:1 од екипата на Тетекс, која граби кон голем опстанок во Втората лига.

Спасовски погоди во 43. минута за водство на „штофарите“ од 1:0 на полувреме. Во вториот дел Пелистер се мачеше и дури во 90. минута стигна до 1:1 со голот на Бобан Здравевски, по голот на битолчани на теренот влегоа неколку навивачи, па тоа донесе дополнителни 19 минути игра, со што Тетекс во 105. минута преку Кировски го шокираше гостинот од Битола за конечни 2:1 и голема победа на „штофарите“ која може да им донесе опстанок.

Вардар дојде до триумф на „Кукуш“ во Турново, каде со минимални 0:1 ја доби Беласица со гол од пенал во 84. минута. Сигурен реализатор на истиот беше Кристијан Николовски. Вардар продолжува со притисокот за второто место и директен влез во Прва лига.

Слога на крилата на Бошко Ступиќ дојде до важен триумф од 2:1 над Кожуф и ја продолжува борбата за баражот за опстанок.

Ступиќ беше двоен стрелец во 35. и 37. минута, а Христијан Бејков во вториот дел погоди за конечни 2:1. Гледачите на телевизија М Нет имаа ексклузивна можност во ЖИВО преку директен пренос да го проследат натпреварот кој беше од капитално значење за домашниот тим, кој грчевито се бори за опстанок.

Гостивар повеќе од сигурно стигна до нови три бода, откако на домашен терен со 3:0 го доби Охрид. Победата беше најавена по десет минути игра, откако Рамадани и Каланоски погодија за 2:0, а во вториот дел Крстевски постигна гол за конечни 3:0.

Беса на домашен терен со 3:0 забележа победа над Детонит Плачковица од Радовиш, во меч каде судиската анализа ќе има полни раце работа, а недостастување на вар-технологија и на македонските фудбалски терени е голема причина за вакви спорни моменти.

Беса поведе против Детонит Плачковица со спорен гол на дуелот во Врапчиште, откако во 10. минута Хакан Лимани погоди за 1:0. Сепак, дилемите остануваат и понатаму дали топката ја мина гол-линијата со цел свој обем или не. По корнерот од десната страна, домашниот играч биеше со глава, на што интервенираше гостинскиот голман, но останува да видиме каква ќе биде одлуката на судиската анализа, дали неговата реакција била навремена или не.

До крајот на првиот дел Есати погоди за 2:0, а во финишот на мечот Мислими за 3:0.

Каменица Саса на домашен терен го декласираше отпишаниот Борец со високи 4:1. Натпреварот започна со гол на Милан Чичевски и водство на Борец од 0:1. Игор Ѓорѓиев во 30. минута израмни на 1:1 на полувреме.

Во вториот дел Сашо Дуков со два гола и Виктор Марковски му пресудија на Борец, за важен триумф на „рударите“.

Локомотива со 3:0 го декласираше Караорман на домашен терен за важен триумф на патот кон директен и сигурен опстанок. Сунај Хасан го отвори резултат за водство од 1:0 на домашните на полувреме. Во вториот дел Флорент Османи со два гола му пресуди на Караорман за конечни 3:0.