Во тек се градежните активности за приклучување на Водоводна линија два на постоечката водоводна мрежа во Општина Штип

Во тек се градежните активности за приклучување на Водоводна линија два на постоечката водоводна мрежа во Општина Штип . Со оваа нова засебна линија значително ќе се подобри состојбата со водоводната мрежа на тертироија на Општина Штип, која што ќе служи и за алтернативна главна линија во состојби кога градот има дефекти на главната водоводна линија на досегашната мрежа. Градоначалникот Иван Јорданов, вели дека со оваа линија градот ќе има можност да има континуирано водоснабдување, вклучително со населбите пребег, три чешми, железничка.

“Штипјани решаваат долгогоишен проблем со ставањето во функција на нова глава водоводна линија, линија два. Денес ЈП Исар работи на образување за водоводната мрежа на оваа линија два, нова засебна линија, која што значително ќе ја пообри состојбата со водоводната мрежа на територија на Општина Штип, но исто така ќе служи како алтернативна главна линија во состојби и ситуации кога имаме дефекти на главната водоводна линија на досегашната мрежа, која што се употребува на Општина Штип. Со оваа линија ќе има можност градот пред се населбите пребег, три чешми, железничка, но и целиот потег околу овие населби, кога се случуваат промени или изместувања и дефекти на оваа водоводна линија овие населби да имаат континуирано водоснабдување.“, вели Јорданов

Станува збор за инвестиција која што е во износ од еден милион евра, вели Јорданов и е нешто кое што со години наназад се комуницираше како потреба, додава тој.

Паралелно на поврзувањето на водовдната мрежа со линија два се работи и на линија ниска зона. Покрај ова се работи исто и на резервоарот Пребег, а овие денови се очекува со изградба на резервоарот Мери со што ќе се подобри сосотојбата со проблемот кој што години наназад штипјани го имаа наназад со водоснабдувањето.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет