Прес на СДСМ за усвојување на акциониот план на ЈП Исар

На годишно ниво во просек за 20% се бележи зголемување на водата за пиење во Штип, истакнаа денеска на прес конференција од Советничката група на СДСМ и коалицијата. Децидни дека штипјани наместо 34 денари за метар кубен вода за пиење ќе олаќаат по 39 денари. Според нив покачување ќе има и наредната година и во 2027 година.

„Штипјани наместо досегашните 34 денари за метар кубен вода, ќе плаќаат 39 денари што е зголемување за 15%, а за одведување на отпадни води наместо 11,5 денари, ќе плаќаат 12,5 денари за метар кубен вода. Трендот на раст на цените е предвиден и за 2026 година и 2027 година.“ – вели Рогожарска-Поповска.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, потенцираше дека цената на водата не е зголемена, и потврди дека таа нема да се зголеми.

„Одговорно тврдам дека цената на вода не е зголемена и нема да биде зголемена. Денеска слушнав шпекулации и манипулации на прес конференција на опозицијата. Одлуката ја носи ЈП Исар и согласно нашите калкулации цената на водата нема да се зголеми и ќе остане иста.“ – вели Јорданов.

Со изградбата на пречистителната станица сите штипски населби ќе бидат опфатени во нов колекторски систем со изградба на пречистителна станица за отпадни води.

Лаура Стојанова М-Нет