Во сабота населбата Баби во Штип ќе го одбележи празникот Св. Кирил и Методиј, се повикуваат верниците

Со вкусна манастирска манџа, срце полно со вера и звуци од традиционална музика, храмот „Св. Кирил и Методиј“ во штипската населба Баби в сабота ќе го одбележи својот храмов празник.Со голема љубов кон Бога и посветеност што ретко се гледа, четворица жители од оваа населба – Бошко, Живко,Мишо и Тоше веќе три децении ја градат оваа црква, со основната цел жителите имаат свој храм. Иако не располагаат со многу материјални средства, овие луѓе носат огромно духовно богатство во срцата. Секој ден ги засукуваат ракавите и чесно работат, вложувајќи го својот труд и љубов кон Господ во секој камен и детал од храмот. Со донации, собрани од добронамерни луѓе, полека но сигурно ја обликуваат црквата која станува нов симбол на заедништво и надеж за населбата.

Овие неуморни жители, од почетокот работат многу сложно. Моментално работат на надворешноста, а веднаш потоа ќе работат на внатрешноста на црквата. Единствено што бараат до добрите верници е помош, со цел побргу се изгради овој храм.

Инаку, на настанот во сабота ќе настапат познатите уметници Благица Павловска и Круме Спасовски. Освен со сабота, кога е самиот ден посветен на овој празник, верниците ќе се упатат и во петок во предвечерието на самиот празник.

Иван Митев, М-Нет