На 31 мај и 1 јуни Штип ќе биде центар на танцот, над 1600 учесника ќе се натпреваруваат со своја кореографија

Следниот викенд Штип се претвора во центар на танцот, над 1600 учесника од земјава и странство ќе се натпреваруваат со своја кореографија. Како што соопшти организаторот Ана Марија Габровска за М-Нет телевизија, натпреварот ќе се одржи по петти пат во домот на културата Ацо Шопов во Штип, насловен како денс кап Штип. Таа останува децидна дека натпреварот е се поголем и пополека, но сигурно преминува во традиција.

,,Во текот на следната недела 31 мај и 1 јуни се очекува да имаме голем број на посетители во Штип, ќе има над 1600 натпреварувачи и се очекува дека ќе има над 2000 посетители односно публика. Ќе имаме над 20 клубови од Македонија и имаме три клуба кои што ни доагаат од Косово, Бугарија и од Србија. Се подразбира дека ќе има повеќе видови на танци, како стрид денс, хип хоп и латино танци.“, рече Габровска

Дека бројката на натпреварувачи расте, согласна е Габровска. Таа рече дека, на почетокот натпреварот почнал со 70 учесника, а сега бројката достигна над 1600 натпреварувчаи.

Во Штип следната недела ќе се одржи настан што ќе го претвори градот во центар на танцот. На 31 мај и 1 јуни, во градот се очекува вистинска уметничка фешта со учество на над 1600 натпреварувачи и повеќе од 2000 посетители.

Инаку, натпреварот има за цел создаде еуфорија и надградување на натпреварувачите од една страна, како и да се создадат повеќе пријателства од друга страна.

Иван Митев, М-Нет