Во завршна фаза е изградбата на паркот во населбата Осми Ноември во Штип

Во завршна фаза е изградбата на паркот во населбата Осми Ноември, покрај коритото на река Брегалница. Станува збор за имплементирање на проект од прекугранична соработка со опшина „Гоце Делчев“ од Република Бугарија, со кој се предвидува создавање на повеќе зелени површини, чиста животна средина и нови места за релаксација на граѓаните.

„Овде на површина од еден хектар се финализира паркот кој е предвиден и кој ќе служи за релаксација на луѓето кои ја користат велосипедско пешачката патека, со дополнителна содржина, урбана опрема која посакувам да остане и да се сочува. На три позиции се работи, се создава нова зелена површина“ – вели Јорданов.

Носител на проектот е центарот за развој на ИПР, и од таму истакнаа дека во наредниот период ќе има иницијативи за повеќе зелени површини во сите општините во Истоктот.

„Центарот за развој на ИПР во овој проект покренува десетгодишна регионална стратегија за зелена инфраструктура, и како да се трансферираат зелените делови во урбана инфраструктура, со што ќе се градат паркови и други зелени површини“ – вели Здравков.

Проектот е од големо значење и за граѓаните, бидејќи се работи на создавање повеќе зелени површини.

„Навситина многу значаен проект за штипјани затоа што се третира една најакутна тема, а тоа е заштитата на животната средина.“ – вели Пирински.

Ова е еден од трите пакрови површини кои се реалзираат и имплементираат преку ИПАД 3 програмата за погранична соработка.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет