
Речиси 50% од проектите од првиот јавен повик веќе се реализирани, а склучени се договори со 55% од проектите од вториот јавен повик на Владата. Како што истакна министерот за Локалната самоуправа, Златко Пирински, општините и градоначалниците придонеле да може да се реализираат проекти кои се од големо значење за нив, а се финансисрани од страна на државата, преку унгарскиот кредит.
„Од првиот јавен повик повеќе од 48% се веќе реалзирани од оние 288 проекти, а во вториот јавен повик повеќе од 55% проекти веќе се со склучен договор, што значи веќе се изведуваат на терен, така да многу е соодветна динамиката и градоначалниците го дадоа својот придонес“ – вели Пирински.
Од почетокот на 2026 година ќе се работи на мапирање со општините во делот на ажурирање на базите на даночни обврзници. Целиот трошок ќе биде на товар на државата.
Пирински во моментот исткна дека се мапираат и слабости кај општините, а тоа во делот на општинската администрација.
„Детектирани слабости има најмногу во делот на човечкиот капацитет во рамки на општинската администрација и истото се нотира во извештајот на европската комисија повеќе од десетина година, Главниот фокус ќе биде, покрај тоа што треба да испорача услуга, индиректно ќе треба да има знаење во делот на општинската администрација.“ – вели Пирински.
За двата јавни повика се издвоени околу два милијарди денари, а се издвојуваат и дополнителни финансиски средства со што се нуди помош на општините за реализација на проекти, додаца Пирински.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет