
Со утрешниот натпревар меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Пролет ќе се затвори есенската полусезона во ракометната Суперлига, меч кој на програмата ќе биде утре.
Овој натпревар е исклучително важен за битолскиот тим, младите „пелистерци“ се борат да бидат во топ шест со цел да фатат место во плеј-офот. Пролет веќе го губи чекорот за место во плеј-офот, а Еурофарм Пелистер 2 цели само кон трумф ако сака да ги следи Тиквеш и Бутел во трката за плеј-оф.
Во рамки на последното есенско коло Куманово ја декласираше Струга со 32:19 во трката на две екипи кои се борат за опстанок односно да го избегнат претпоследното место кое води кон баражот за опстанок.
Радовиш беше декласиран на домашен терен со 14:37 од страна на Охрид, додека пак шампионот Еурофарм Пелистер со 29:21 го доби Тиквеш. Прилеп со 25:31 загуби од Вардар, а пак Бутел загуби од Алкалоид со 28:33.
Со одигрувањето на утрешниот меч меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Пролет ќе го имаме конечниот изглед на табелата во ракометната елита на Македонија.
Александар Ванев, М-Нет